Пејачката откри детали за физички инцидент во сообраќај и шокираше со својата искреност
Олја Карлеуша открива шокантен настан од младоста – физички конфликт со жена, кој, според неа, се случил поради „чист безобразлук“. Во гостување во подкаст, таа раскажа дека не се тепала, туку „само ја удрила“ другата жена.
Не смеам сè да кажам, после ќе треба кривично да одговарам (се смее). Имав 26 години, и да, ја удрив. Не беше караница меѓу нас, туку јас ја удрив затоа што беше безобразна“ – раскажа Карлеуша.
Поврзани објави
Инцидентот се случил во сообраќај, иако, како што вели, немала никаква врска со неа лично. Ситуацијата дополнително се комплицирала кога сведок бил нејзин сосед кој му го пренел настанот на нејзиниот татко.
Тато ми рече: „Можно ли е една дама, жена од твој калибар, да удира по улица?“ Му реков: „Можно е, тато, еве виде – можно е“ – додаде таа со насмевка.
printskrin Youtube-ace travel