Познатиот пејач не штедеше за летување на Бриони – хотел со 5 ѕвезди, приватни плажи и луксуз до максимум
Здравко Чолиќ ова лето одлучи да се почести со екстралуксузен одмор на Бриони, каде со семејството потроши вртоглава сума – цели 45.000 евра. Пејачот не штедеше ниту евро за удобност и уживање.
На одморот биле и неговата сопруга Александра, ќерките Уна и Лара, како и зетот. Целиот престој бил сместен во хотел со пет ѕвезди каде што ноќевање чини речиси 400 евра. За десет ноќевања Чола издвоил околу 20.000 евра само за сместување.
Но тука не завршува приказната – неговите ќерки се навикнати на луксуз, па следеле скапи оброци, приватни плажи, спа и козметички третмани. За тие услуги Чолиќ издвои дополнителни 15.000 евра.
Поврзани објави
Кога ќе се додадат и трошоците за авиобилети, приватен возач и изнајмување брод, вкупниот износ се искачил на околу 45.000 евра – цена колку за стан, но за Чолиќ, вреди секоја пара кога станува збор за семејството.
printskrin Youtube-jutarni list zdravko colic