Почетна ЕкономијаЈаневска: Изолација и заборавеност ни се закануваат без инвестиции во вештачка интелигенција

Јаневска: Изолација и заборавеност ни се закануваат без инвестиции во вештачка интелигенција

од nenad
3 минути читај за

Вештачката интелигенција веќе не е само концепт од иднината, таа е реалност. Неопходно е да бидеме свесни за тоа и континуирано да инвестираме во нејзино користење, со цел да ги оптимизираме процесите, да го забрзаме темпото на иновациите и да го поттикнеме технолошкиот напредок.

Доколку не го сториме тоа, ризикуваме да заостанеме, да стапиме во изолација и да бидеме заборавени од глобалната сцена. Мораме да бидеме во чекор со светските случувања, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во својата денешна изјава за медиумите, дадена во рамките на научната конференција „Креирај дома, продавај глобално“, која го означи и свеченото отворање на Технолошкиот парк – Н99.

„Јас сум им благодарна и на господинот Сефер и на господинот Анис, што го препознаа ова и што во овој екосистем ги вклучија, така како што треба и науката и иновациите и стопанството и институциите други, кои наистина ќе придонесат за развој на науката, технологијата и иновациите во оваа земја, што според мене, не е еднаш кажано – претставува наша иднина и токму така, делови од смарт-специјализацијата наша препознале и овде и го вклучуваат тоа, затоа што само така, бидејќи нели, велам – ние имаме многу, многу ум, а немаме нафта, немаме гас, но, преку вакви институции, навистина, можеме да постигнеме добар успех и да бидеме конкурентни насекаде во светот“, нагласи министерката во своето обраќање до новинарите.

Таа додаде дека ќе се создаде „здрава конкуренција“. „Владата е влезена во еден мега-проект на градење државен научнотехнолошки парк, а само здравата конкуренција ќе обезбеди побрз и подобар прогрес. Па така, со заеднички сили, ќе одиме, се надевам, многу брзо напред, затоа што тоа ни е неопходно“, додаде министерката.

Јаневска имаше можност да се запознае подетално со роботот Алшар, кој, според укажувањата, има улога на едукатор во училницата на иднината.

„Прво, многу е важно што се поклопуваат визиите на министерката и она што ние тука сакаме да го создадеме. Најдобар начин да се предвиди иднината, кажале, дека е да се создаде иднината и тоа мора да го правиме сите заедно. Најдобро место од каде што треба да се почне е образованието. Бидејќи, според мене, иновациите, без разлика дали се тоа роботи, дали е вештачка интелигенција, паметна медицина, не е ништо друго освен трансформација на знаење во алатки што ќе му служат на човештвото. Профитите се важни, индустриите се важни, економијата е важна, но, секаде во центар на приказната мора да биде човекот и ќе ни треба континуирана поддршка во однос на креирање рамки како овие технологии понатаму ќе се експлатираат, како соодветно ќе се користат, без истите да бидат злоупотребувани. Им благодарам на сите кои учествуваат на панелите, на отворањето на Технолошкиот парк и ги повикувам да бидат дел од оваа платформа, бидејќи само така ќе ја постигнеме целта што сме ја зацртале“, порача Сефиданис во изјава за медиумите.

Сефер Цаноски, основачот на Н99, објасни дека првичната идеја била образованието, иновацијата, технологијата и бизнисот да бидат обединети под еден покрив. Тој исто така истакна дека Н99 има соработка со повеќе од 43 земји од светот.

„Со квалитетни производи, квалитетни луѓе и квалитетен концепт, како што нагласи Цаноски, може да се постигне државата да биде на технолошката мапа, на бизнис мапата, ‘да нè зборуваат за убаво’. Технолошкиот парк е дел од екосистемот на Н99 што опфаќа и стартап-заедницата, бизнис-заедницата, универзитетите. . . Технолошкиот парк е базиран на четири столба. Вештачка интелигенција и роботика. Вештачка интелигенција и земјоделство. Сајбер-секјурити и дигитална форензика. Невросајнс“, одговори Цаноски на новинарско прашање.

Министерката за образование и наука Јаневска се обрати на панел-дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација, која се одржа во просториите на АУЕ – ФОН, Скопје.