Кој би рекол…Смирувањето на Цеца и Драгана е на видикПред неколку години имаше јавни вербални препукувања меѓу фолк-дивата Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ, по што и двете замолчеа.Но Цеца неодамна одлучи да ја прекине тишината пеејќи го хитот на Драгана „Нисам ни метар од тебе“ на ТикТок, што предизвика ентузијазам кај нејзините следбеници, а видеото за многу кратко време го погледнаа над 500.000 луѓе, но не и Драгана, што и самата го потврди. Поврзани објавиНе видов, ќе ми го пуштиш подоцна. Претпоставувам дека звучи многу убаво, за мене е убава информација, прекрасна – започна Драгана.Искрено, така треба да биде. Не ми се допаѓа сè друго и сè што се случуваше ми тежи и ме прави тажна и несреќна. Вакво нешто многу ме радува, не само затоа што е моја песна, туку е убав колегијален потег – заклучи Мирковиќ.Смирувањето на Цеца и Драгана се чекаше со години, а многумина веруваат дека пејачките конечно ќе ги закопаат секирите и дека ситуацијата меѓу Мирковиќ и Ражнатовиќ ќе се реши, како што беше случајот со Гага и Сека Алексиќ.
Јавната расправија меѓу Цеца и Драгана ја потресе јавноста, а сега Ражнатовиќ направи нешто што ја стаписа Гага
103