Велид Ханджиќ ја започна 2026 година со радост – стана татко на девојче, а среќната вест ја сподели со следбениците на социјалните мрежи.
Ѕвездата на Гранд, Велид Ханджиќ, ја започна 2026 година со најубавите можни вести – стана татко на девојче. Сопругата Ламија се породила еден ден пред дочекот на Новата година и на свет донела здраво и прекрасно бебе, а Велид ја сподели среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи.
Гордиот татко се огласи на Instagram, каде откри дека ја извел сопругата и бебето од породилиште и првиот ден од новата година го поминал во посебна, семејна атмосфера.
Драги мои, токму што го добив најубав подарок за првиот ден од Новата 2026 година и морам да ви кажам дека сум пресреќен и благодарен на Господ за сè. Ви посакуваме на сите среќна и успешна нова 2026 година. Можам да најавам многу нови музички проекти и многу убави дружења во претстојната година“, напиша Велид во описот на фотографијата, под која веднаш се редеа бројни честитки и убави желби.
Ламија беше најголемата поддршка на Велид за време на натпреварот „Гранд“, неговата сила и мир во моментите кога му беа најпотребни. Иако се познаваат цел живот, судбината сакала да се заљубат вистински пред неколку години, како што Велид често со насмевка истакнува, токму на еден од неговите настапи.
printskrin Youtube Zvezde Granda