Почетна МакедонијаЃорѓи Спасов: Поразот е добар ако извлечме поука

Ѓорѓи Спасов: Поразот е добар ако извлечме поука

од nenad
2 минути читај за

Сдсм доживеа голем пораз на изборите. И тоа е повод за сериозна загриженост, соочување со одговорноста ,за длабоко преиспитување и промени. Но, не смее да биде повод за депресија, за внатрешни поделби и за губење на надежта. СДСМ, како и многу пати до сега, но овој пат уште побргу, може одново да стане силна и голема партија која ќе победува.

Потребно е од поразот да се извлечат потребните поуки, да се направат потребните промени и тој да се претвори во точка на пресврт и мобилизација. Пред следниот конгрес ќе биде добро ако изработиме сериозен извештај за работата на партијата во изминатите 4 години. Ако сериозно ги утврдиме грешките и слабостите па и одговорноста, во еден достоинствен и фер процес на секој поединец и функционер за тие грешки и слабости.

И не смее да се случи нашата одговорност да ја прикриваме со фрази од видот дека народот и избирачите не ја разбрале нашата проевропска и реформистичка политика, туку ќе мора да се соочиме со секој наш потег со кој сме предизвикувале гнев и незадоволство. Битката за остварување на стратешките цели на земјава ќе мора да ја водиме во соработка со целото општество, без притисоци и јуначење. Ќе мора да внимаваме на говорот со кој се покренуваат чуствителни прашања како што е борбата против фашизмот во Втората светска војна од која се роди и израсна македонската држава.

И не смеат да ни се случуваат несмасности како што беше зголемувањето на платите на државните функционери за 78% , големите проблеми што се појавија при замената на пасошите и личните карти ниту корупција во нашите редови.Мора да се демонстрира и достоинство во коалиционите односи.

Сега во Собранието ќе имаме извонредно способна парламентарна група, составена од голем број на поранешни министри и искусни пратеници. Таа може да биде јадрото на обновата на СДСМ и полека на сигурно да се враќа угледот и моќта на партијата. Јас сум убеден во тоа дека е можно.