Почетна МакедонијаЗаменик министерката Трајков упати честитка по повод Богојавленије- Водици

Заменик министерката Трајков упати честитка по повод Богојавленије- Водици

од nenad
1 минути читај за




Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков упати честитка до сите православни македонски граѓани по повод големиот христијански празник Богојавление -Водици.

“ Посакувам мир, здравје и благосостојба во секое македонско семејство. Нека овој празник, кога ги осветуваме нашите води, ни даде можност да посветиме почит и внимание кон нашите семејства, нашите соседи и нашите пријатели, свесни дека сплотени можеме да се справиме со сите предизвици и искушенија. Нека ни е честит овој голем христијански празник”- се вели во честитката од ЗМЕП Трајков по повод денешниот празник.