Почетна МакедонијаМакедонски ланец маркети ќе влегува на пазарот во Србија, пишуваат тамошните медиуми

Македонски ланец маркети ќе влегува на пазарот во Србија, пишуваат тамошните медиуми

од nenad
1 минути читај за




Македонскиот ланец дисконти „Стокомак“ наскоро ќе влезе и на српскиот пазар, пишува порталот „Retail Serbia”. Еден од најголемите македонски ланци на дисконти планира да влезе на српскиот пазар и има основано седиште за Србија во Ниш, а неодамна купил и интернет-домен за српскиот пазар. Сè уште нема официјални информации кога „Стокомак“ би можел да ги отвори првите маркети и во кои градови, пишува српскиот портал.

Компанијата „Стокомак“ е основана во 1997 година и денес е една од најголемите македонски трговски групации, со вкупно 73 продажни објекти низ Македонија. Според податоците на Бизнис-мрежата, компанијата лани била на трето место од малопродажните трговци според прометот, со вкупни од 138,5 милиони евра.