Почетна МакедонијаЃорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани!

Ѓорѓиевски: Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани!

од nenad
1 минути читај за


Градоначалниците или ќе го реализираат ветеното или предвреме да бидат отповикани!

Вечерва се обратив на панел-дискусијата на тема ,,Гласот на граѓаните: Отповикување на градоначалникот како алатка за локална демократија”, во организација на Либералниот институт Скопје, која ја отвори претседателот на ЛДП, Моника Зајкова.

На оваа панел-дискусија се обратија Ристо Пенов, д-р Никола Пановски и колегата Висар Ганиу.

Истакнав дека, имајќи го предвид фактот дека сѐ уште зборуваме за населени места каде треба да се градат фекални и атмосферски канализации, како и целокупниот хаос во градот Скопје, можеме да заклучиме дека во изминативе 30тина години имало и сѐ уште има градоначалници кои својот мандат го поминуваат во хибернација и токму затоа ова мора да биде променето со законски измени за предвремено отповикување на одреден градоначалник.

Многупати нашите граѓани биле изманупулирани ветувајки им одредена реализација на програма од страна на некој фукнционер и кај градоначалниците по нивниот избор согласно актуелната законска регулатива не може да понесат одговорност за работата за која се избрани.

Сѐ произлегува од волјата на граѓаните и сѐ може да заврши со волјата на граѓаните.

Затоа, секој градоначалник откако ќе биде избран, уште од првиот ден треба да биде свесен дека многу порано од истекот на мандатот може да биде отповикан.

Ние како #ЗЕЛС, заедно со невладините организации, експертите и сите останати чинители ќе поддржиме законски измени кои би придонеле за поажурна локална самоуправа.

Активно се работи и на законските измени со кои би овозможиле одземање на ингеренции во дадена сфера на одредена локална самоуправа, со цел да не постои простор за злоупотреби или неажурност на било кој градоначалник. – Орце Ѓорѓиевски Претседател на ЗЕЛС.