„Ова е можеби за прв пат ДПМНЕ да нема собрано потписи зад својот кандидат, но тоа и не е толку важно. Клучното е дека ниту ДПМНЕ ниту Гордана Силјановска ја немаат поддршката од граѓаните. Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје“, вели таа.Според Кузеска, ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска Давкова не можат да донесат промени на подобро.„Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, вели Кузеска.
Кузеска: ДПМНЕ не собрале потписи за Силјановска Давкова, немаат поддршка од граѓаните!
84