Хајди Клум изгледала како девојка на 78. Кански фестивал и ги прекршила сите правила
Славната убавица Хајди Клум се појавила на филмскиот фестивал во Кан, кој оваа година се одржува по 78. пат, и повторно ги прекршила сите правила. За оваа пригода, таа одбрала многу ефектен цветен фустан, и покрај новото правило за забрана за голотија.
Имено, пред самото отворање на Филмскиот фестивал во Кан, организаторите одлучиле да постават строги правила во врска со облеката на црвениот килим.
Новите правила налагаат дамите повнимателно да ги одбираат своите свечени комбинации. Изминативе години, одредени учеснички имаат привлекувано големо внимание со изборот на, таканаречени, „голи“ фустани. За да обезбедат поголема пристојност, организаторите оваа година одлучиле да забранат такви модни комбинации. Исто така, забраниле и долги шлепови.
Поврзани објави
И покрај тоа, Хајди Клум се одлучила за гламурозен, долг фустан со шлиц до колк и издоминирала. Но она што направило да изгледа помладо е брановидната фризура што фризерите топло им ја препорачуваат на жените над 50 години.
Инаку, Хајди наполни 51 година и моментално ја живее својата втора младост, дури ни двојно помлади колешки не можат да ѝ парираат. Хајди честопати можеме да ја видиме топлес, а обожава да носи и разголени фустани.
Актерката се појавила на фестивалот во придружба на 23 години помладиот партнер.
ФОТО: Инстаграм