Почетна Убавина и здравјеНа крајот, предизвикала чиста конфузија! – Убавина и здравје

На крајот, предизвикала чиста конфузија! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Ирина Шајк важи за дама со стил, но овој пат ризикот не ѝ се исплател

На отворањето на 78. Кански филмски фестивал, кој оваа година поставил строги правила за облекување – без голотија, без провокации и без претерана екстраваганција, Ирина Шајк одлучила да одговори на предизвикот на свој својствен начин.

Во фустан на Алберта Ферети, црн, без прерамки, со предимензионирани ракави, со точки и долги ракавици – Ирина изгледала како да се обидува да раскаже повеќе модни приказни одеднаш, без јасен заклучок.

Фризурата и шминката ѝ биле беспрекорни: залижана коса, чист тен и минималистичка шминка која совршено ѝ прилега. Но токму затоа дошло до израз колку отскокнувал фустанот, како да не го следел остатокот од приказната.


Поврзани објави

Шајк, која е позната по својот софистициран и беспрекорен стил, овој пат се изгубила во обидот да биде поинаква, а притоа да се задржи во рамките на новите правила на фестивалот.

Да, фустанот бил ефектен, но тоа не значи дека бил и успешен – особено не кога силуетата се губи во купот материјали, а фустанот повеќе изгледа како костим од опера отколку како моќен фустан за на црвен килим.

Најголемиот проблем е тоа што овој конкретен стајлинг немал фокус. Точките, ракавиците и ракавите со точки изгледаат како театрален гест без јасна порака. Изгледа како да сакала да сокрие сè, а сепак да се истакне. Резултатот е чиста конфузија.

Кога фустанот би бил поедноставен или кога деталите би биле повнимателно балансирани, Ирина би оставила многу посилен впечаток.

ФОТО: Инстаграм