Пејачот реагираше по навредливите тврдења на ријалити-учесникот и јасно му порача дека не го интересира неговото име.
По навредливите изјави на ријалити-учесникот Филип Кар, кој тврдеше дека Аца Лукас наводно плаќал за интимни услуги, познатиот пејач реши јавно да одговори.
Не знам кој е тој, ниту ме интересира. Јас сум Аца Лукас, а не ‘Задруга’. Никогаш во животот не сум платил за секс. Дали е тој Кар онаа будала од Хрватска?“ изјави Лукас.
Кар, кој зад себе има бурна биографија, повторно се најде во центар на скандалот со своите изјави. Пејачот, пак, ги отфрли тврдењата како целосно бесмислени и обид за евтин публицитет.
Не знам, ниту сакам да знам кој е тој човек. Неговите зборови не ме тангираат,“ додаде Лукас, ставајќи точка на шпекулациите.
Инаку, Филип Кар, кој благодарение на српските ријалити-програми стекна популарност, често се поврзува со контроверзии. Иако неговото име е добро познато на јавноста, многумина го критикуваат поради навредливи изјави и проблематично однесување. Со последниот скандал само го потврди впечатокот дека вниманието го бара по секоја цена, и тоа најчесто на туѓа сметка.
printskrin Youtube – VOSTCAST ACA LUKAS