Почетна ЕкономијаЦиклон од Медитеранот денеска ни носи дождлив и посвеж ден, со повремено обилни врнежи и можно локално невреме во Македонија…

Циклон од Медитеранот денеска ни носи дождлив и посвеж ден, со повремено обилни врнежи и можно локално невреме во Македонија…

од nenad
1 минути читај за

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, денот недела (11 октомври) во Македонија ни носи променливо облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни, особено во западните и во јужните предели каде локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд). Локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер (овие атмосферски процеси можно е да бидат застапени и во форма на невреме).

Во Скопје и околината во споменатиот период погоре исто така времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои во делови од регионот и од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за појава на грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски во однос на оние кои ги имавме изминатиот период и тоа за 6 до 8 степени, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 23 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 20 степени.

Метео прогноза на Славчо Попоски