Почетна ЕкономијаВештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци

Вештите лица ги спровеле сите неопходни увиди и анализи за автобуската несреќа кај Ласкарци

од nenad
1 минути читај за

  

Тимот на вешти лица, како што се додава во соопштението, воедно реализирал посета на станица за технички преглед во однос на процедурите за испитување на техничката исправност на возилот, а со оглед да произлегла и потреба за увид во самото возило, побарале и добиле дозвола од судот, па на 29.11.2022 година го реализирале увидот.Од Бирото го информирале Судот дека вештите лица досега ги спровеле сите неопходни увиди и анализи, а по изведување на заклучоците од реализираниот увид на возилото, ќе го финализира изготвувањето на супервештачењето и предметот, со сите списи, ќе биде вратен на понатамошно постапување.Во однос на известувањето, надлежниот Судечки совет денеска ги запозна и дел од оштетните во постапката кои беа присутни во судот и ги извести дека до следната расправа насрочена за 20– ти декември, се уште постои отворена можноста за парична казна на вештите лица доколку предметот со сите списи и изготвен вешт наод и мислење, не биде вратен во судот во најкраток можен рок, како што и самиите имаат наведено во известувањето, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.Во автобуската несреќата која се случи на 13 февруари 2019 во селото Ласкарци загинаа 16 луѓе и 37 беа повредени.