Оваа жена мислела дека има рак кога почувствувала остра болка во стомакот, но она што го пронашле докторите го шокирало целиот свет
Осумдесет и двегодишна жена итно била префрлена во болница откако се пожалила на остра болка во стомакот. Претпоставила дека станува збор за тумор. Но кога докторите го скенирале нејзиното тело, она што го пронашле ги оставило без зборови: калцифициран фетус кој повеќе од 40 години бил во нејзиното тело.
Оваа состојба е толку ретка што едвај се среќава во животот. Се вика литопедион, исто така познато и како „камено бебе“.
Еве што се случило:
Пред неколку децении жената доживеала вонматерична бременост – состојба кога фетусот почнува да расте надвор од матката, обично во стомакот.
Поврзани објави
Но нејзиното тело не можело да го исфрли, па наместо тоа, го обложило со калциум за да се заштити од инфекции, како механизам на самоодбрана. А како резултат на тоа, се создал мумифициран фетус, сочуван долги четири децении во неа, и тоа потполно незабележано.
Жената немала поим, мислела дека имала нормална бременост која завршила со абортус, сè додека почувствувала болка 40 години подоцна.
Докторите безбедно го отстраниле каменото бебе и случајот завршил во светските вести. Во историјата забележани се само околу 300 случаи на литопедион.
ФОТО: Artem Labunsky / Unsplash, Јутјуб