Оваа девојка заработила милиони бидејќи се почитувала себеси
Во 2012 година, кога Наташа Оукли имала 22 години, почнала да се фотографира себеси и другарка ѝ на плажа во бикини. Како што поминувало времето, добила идеја да отвори инстаграм-профил со наслов „Едно бикини на ден“, фотографирајќи се секој ден во ново бикини.
Со текот на времето, ова хоби го претворила во работа, а кога Наташа развила бизнис со бикини, нејзиното богатство се зголемило на 63 милиони долари.
Поврзани објави
Денес, Наташа патува низ светот, ги одбира најелитните плажи и така ги рекламира своите производи.
„По една година патувања на луксузни дестинации и егзотични плажи и испробување стотици бикини, сфатив дека на индустријата за костими за капење ѝ недостасува модел што ќе им биде удобен и ќе им прилега на жените со облини“, раскажала таа.
Како тогаш, така и денес, Наташа изгледа сензационално во бикини на плажа, а нема човек што не се свртел по оваа убавица со атрактивни облини.
Таа секогаш била и си останала верна на себе – никогаш не сакала да ослаби и да се приспособи на стандардите за убавина, туку го почитувала своето тело и така заработила милиони.