Денес, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, и претседателот на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, Кире Михајлов, ставија потпис на Меморандум за соработка.
Според информацијата од ЦУК, Али и Михајлов ја формализираа нивната заедничка посветеност кон реализација на проектот: „Градење на безбедна иднина преку целосно истражување и анализа на противпожарниот сектор во Република Северна Македонија“.
“Преку оваа соработка се очекува зајакнување на капацитетите, размена на знаења и искуства, како и заедничко делување во справување со ризици и заштита на населението.”
Проектот претставува широка иницијатива која има за цел да креира автентичен и непристрасен приказ на актуелните материјално-технички и кадровски ресурси.
Во продолжение, целта е да се зацврсти партнерството и координацијата помеѓу сите засегнати институции, како услов за делотворно управување со кризни ситуации и подобрување на системот за заштита и спасување, се наведува во извештајот.
Центарот за управување со кризи нагласува дека ќе продолжи да дава поддршка на доброволните противпожарни служби, ценејќи ја нивната преданост како важен дел од системот за цивилна заштита.
мд/вј/Фото: ЦУК