Почетна Убавина и здравјеХоливудската убавица во најсекси издание досега (ФОТО) – Убавина и здравје

Холивудската убавица во најсекси издание досега (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Кејти Холмс не ја гледаме многу често на настаните, па нејзиното појавување на отворањето на новата продавница на Мајкл Корс е вистинско изненадување.

Холивудската актерка Кејти Холмс беше една од гостите на прославата на која беше и Никол Шерцингер, а нè маѓепса со своето елегантно модно издание.

Имено, кралицата на уличната мода, како што ја нарекуваат Кејти, овој пат нè воодушеви со мал црн фустан.

Кејти избра макси-должина на популарниот фустан со една голема панделка на градите. За нејзината елеганција придонесе и тоа што фустанот нема прерамки, а актерката го комплетираше со црни салонки и едноставен капут.


Поврзани објави

Таа цело време уживаше додека се забавуваше, но и поради комплиментите кои ги добиваше.

Кејти не сака премногу да се експонира, а во минатото често беше предмет на медиумско внимание поради бракот со Том Круз. Нејзините обожаватели се многу среќни бидејќи конечно продолжи понатаму и успеа да си го врати животот по разводот, но и тешкиот брак со Том Круз, во кој многу страдаше поради неговото членство во Скиентолошката црква.

Фото: Instagram @justjared