Почетна Убавина и здравје(Видео) Карлеуша и Душко Тошиќ се смириле?! Јелена објави видео од вилата на Дедиње, емоциите ја преплавиле

(Видео) Карлеуша и Душко Тошиќ се смириле?! Јелена објави видео од вилата на Дедиње, емоциите ја преплавиле

од nenad
1 минути читај за

Српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша преку социјалната мрежа Икс сподели видео од нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ и нивната ќерка Ника.

На видеото се гледа како Душко и Ника учествуваат во традиционалниот лов на велигденски јајца, а според зборовите на Јелена, оваа година конечно победила нивната ќерка.

„Инаку, оваа 2025 година е првата година во која мојата Ника конечно победи. Не снимавме затоа што беше убедена дека нема да успее, а се плашеше да не го објавам видеото и дека, како што вели, „сите ќе ѝ се смеат“. Ника сè уште не разбира дека таа, заедно со Атина, е најпрекрасното и најскромното девојче. Девојче на кое никој не му се смее, туку сите велат дека е прекрасно воспитана и дете на кое сум неизмерно горда“, напишала Јелена во својата објава.

Коментарите под твитот на Карлеуша постојано се нижат, а имало и такви кои се прашувале дали е на повидок помирување помеѓу Јелена и Душко.


Поврзани објави

Да потсетиме, Ника Тошиќ со години го привлекува вниманието на јавноста во текот на велигденските празници. Наследничката на некогаш најпознатата двојка од српската естрада, Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, често завршувала во солзи по поразот во натпреварот во чукање со јајца.

 

 

Фото: Инстаграм Принтскрин