Иако сите навиваат за нив, се зборува дека Џенер и понатаму е рамнодушна
И двајцата се исклучително популарни, а нивната љубовна приказна започнала благодарение на нејзината сестра. Станува збор за супермоделката Кендал Џенер и актерот Џејкоб Елорди.
Тие започнале врска оваа година, на инсистирање на Кајли Џенер, сестрата на Кендал. Бидејќи Кајли е во врска со Тимоти Шаламе и често се движи во круговите на филмските ѕвезди, решила дека вистинско време е и нејзината сестра да започне романса со актер – за да можат заедно да посетуваат премиери и гламурозни настани.
А кој би бил подобар избор од Џејкоб Елорди? Актерот се прослави со улогата во филмот „Оркански височини“, каде што оствари неверојатна хемија со актерката Марго Роби.
Денес, Елорди речиси не се одвојува од Кендал, а добро информирани извори тврдат дека манекенката неодамна го запознала и неговиот татко. Тројцата заедно биле на ручек во Лондон, по премиерата на неговиот нов филм.
Се зборува дека низ нејзиниот кревет поминала „војска“ од мажи
Кендал Џенер е единствената од сестрите Кардашијан која наполни 30 години, а сè уште не се омажила, нема дете и не била во центарот на некој голем јавен љубовен скандал.
Продуцентите на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ тврдат дека манекенката има едно строго правило – пред нејзиното момче да се појави во семејното шоу, двајцата мора да бидат во врска најмалку една година.
Очигледно, ниту еден од нејзините поранешни партнери не успеал да го помине тој „тест“.
Поврзани објави
Сепак, речиси секој втор коментар под фотографиите на Кендал го отвора истото прашање – дали манекенката е лезбијка и зошто досега тоа не го признала?
Ова не е првпат да се шират гласини на оваа тема. Пред неколку години, откако Кендал беше фотографирана како се бакнува со Кара Делевињ, а притоа била исклучително опуштена и во друштво на други жени, започнаа шпекулациите дека само прашање на време е кога ќе ја објави својата врска со жена.
„Мојот татко е трансродово лице, па веројатно и јас би го признала тоа доколку беше така“, изјавила тогаш Кендал.
Иако никогаш јавно не потврдила врска со ниту еден од своите познати партнери, Кендал низ годините беше поврзувана со Хари Стајлс, Ник Џонас, Џордан Кларксон, A$AP Rocky и пејачот Бед Бани, со кого се задржа најдолго – околу една година.
Но, ниту Бед Бани не успеа да стигне до тоа да се појави во реалното шоу на нејзиното семејство.
Најпосакуваниот, но и најмистериозниот маж
Се зборува дека Џејкоб Елорди целосно ја изгубил главата по Кендал Џенер. Актерот и манекенката одлично се вклопуваат – и двајцата се дел од светот на гламурот, често патуваат, а нивната врска привлекува огромно внимание каде и да се појават.
Сепак, се поставува прашањето дали Елорди можеби се обидува да направи повеќе отколку што е потребно за да ја импресионира Кендал.
Според гласините, актерот не штеди на луксузот и наводно троши богатство за да ја воодушеви манекенката, која, судејќи според нејзините реакции, и понатаму останува прилично – неимпресионирана.
ФОТО: ИНСТАГРАМ