Table of Contents
Во светoт преполн со нутриционистички трендови и контрадикторни совети, понекогаш најдобрата одлука е онаа што се темели на проверени научни факти и реалните потреби на организмот, а не на привлечни маркетиншки пораки.
Во последните години, солта доживеа вистинска трансформација на својот имиџ. Морска, хималајска, келтска, црна, розова, јодирана – понудата на различни видови сол е сè поголема, а секоја од нив доаѓа со своја приказна за потекло, минерали и наводни здравствени придобивки. Но, кога ќе се тргне настрана маркетингот, останува едноставната фактичка вистина: од хемиска гледна точка, речиси сите видови сол се истата супстанцijа – натриум хлорид.
Солта е – сол
Без оглед на бојата, цената или егзотичното потекло, основниот состав на солта останува непроменет. Разликите што често се истакнуваат, како присуството на магнезиум, калциум или железо, во реалноста немаат значајно нутритивно влијание. Причината е едноставна: солта се консумира во многу мали количини, па дури и кога содржи траги од минерали, тие се присутни во премногу ниски дози за да имаат реален ефект врз здравјето.
Маркетиншките тврдења за „сол богата со минерали“ можат да звучат привлечно, но најголемиот дел од потребните минерали организмот ги добива од зеленчук, овошје, интегрални житарки и јаткасти плодови, а не од солта што ја користиме во готвењето.
Единствената суштинска разлика меѓу солите
Кога станува збор за здравјето, единствената навистина важна разлика меѓу различните видови сол е присуството на јод. Јодот е есенцијален минерал неопходен за правилна функција на штитната жлезда, хормоналната рамнотежа и метаболизмот. Токму поради тоа, јодираната сол со децении се користи како едноставна и ефикасна мерка за превенција од недостаток на јод кај населението.
Поврзани објави
Проблемот кај многу популарни алтернативни соли, како хималајската или другите гурмански варијанти, е што тие најчесто не се јодирани. Нивната честа употреба може ненамерно да доведе до намален внес на јод, што на подолг рок може да има негативни последици, особено кај жените, децата и трудниците.
Маркетингот наспроти биолошката реалност
Скапата амбалажа, егзотичното потекло и привлечните приказни за древни рудници не ја менуваат биолошката суштина на производот. Кога станува збор за исхраната, организмот не реагира на дизајнот на пакувањето, туку на хемискиот состав на храната. Тоа не значи дека различните видови сол не може да се користат – ако ги избирате поради вкусот или текстурата, тоа е личен избор. Но, кога зборуваме за здравствени придобивки, фактите се многу поедноставни отколку што често се претставува.
Па, која сол е најздрава?
Од здравствен аспект, најразумен избор е јодираната сол, користена во умерени количини. Таа обезбедува јод – минерал од суштинско значење за нормално функционирање на штитната жлезда и целиот метаболизам.
Текст: Убавина и здравје