Почетна Убавина и здравје„Како деновите минуваат…“ – Марија Шерифовиќ со најемотивната порака досега за својот син! (ФОТО)

„Како деновите минуваат…“ – Марија Шерифовиќ со најемотивната порака досега за својот син! (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Фотографија што топи срца – пејачката и синот Марио во интимен момент покрај морето

Пејачката Марија Шерифовиќ повторно ги разнежи своите обожаватели, објавувајќи фотографија со синот Марио од летувањето во Шпанија. Со емотивна порака и нежна сцена на плажата, пејачката покажа колку ѝ значи мајчинството.

На фотографијата, Марија и Марио стојат заедно, држејќи се за рака, облечени во исти шорцеви, свртени со грб кон камерата, додека гледаат во морето. Сцената зрачи со мир и љубов, а описот што го напиша пејачката трогна многумина.

Кога се роди, знаев и по сто пати на ден да изговорам: „Малечко мое, каде сега ти и јас? Каде ќе продолжиме?“ И како што деновите минуваат, сè ми е појасно…“– меѓу другото напиша Марија, додавајќи црвено срце.


Поврзани објави

Instagram printscreen/serifovic

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ во декември 2023 година стана мајка преку сурогат мајка во САД. Нејзиниот син Марио се роди во болница во Лос Анџелес, а пејачката ретко зборува за приватните детали од процесот, чувајќи ја интимата на своето семејство.

printskrin Youtube-blic tv MARIJA SERIFOVIC