Вчера во хотелот Александар Палас се одржа Скопскиот економски форум на кој се собраа политичките и економските лидери од речиси целиот Западен Балкан. Христос Харпантидис, регионален потпретседател за кластерот за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнл, се обрати на форумот. Грчката филијала на Филип Морис Интернешнл, Папастратос, минатата недела најави нова инвестиција од 200 милиони евра и дополнителни 300 нови работни места за зголемување на извозот.
Харпантидис го споменува успехот на партнерството со Тутунски комбинат Прилеп и делеше детали за новите инвестиции на Филип Морис Интернешнл. Исто така, истакна важноста од примената на одржливиот развој со цел да се постигне одржлива иднина. ########.