Почетна ЕкономијаНад 68.000 туристи добиле здравствена услуга во летните амбуланти во Албанија за три месеци

Над 68.000 туристи добиле здравствена услуга во летните амбуланти во Албанија за три месеци

од nenad
1 минути читај за

Албанската министерка за здравство и социјална заштита, Албана Кочиу, соопшти дека во текот на три месеци, повеќе од 68,000 туристи добиле медицинска помош во 36-те сезонски здравствени пунктови.

Од 1 јуни до 31 август, споменатите 36 летни амбуланти беа активни од север кон југ, обезбедувајќи непрекината здравствена заштита за сите посетители, како домашни, така и странски.

Кочиу изјави дека 68,108 туристи биле прегледани од медицинските тимови составени од 223 доктори и медицински сестри, од кои 30 проценти биле странци, додавајќи: „благодарение на посветеноста на медицинскиот персонал, туристите уживаа во мирна и заштитена сезона“.

“Најголемиот проток на туристи кои добија услуга беше во здравствените амбуланти во Голем, Поградец, Драч, Мали и Робит, Ѓири и Лалзит.”

Министерката Кочиу истакна дека најчестите здравствени проблеми биле гастроентеритис, убоди и алергии, различни вирусни инфекции и артериска хипертензија.

Амбулантите, распоредени по должината на крајбрежјето и планинските туристички центри, започнаа со работа на 1 јуни и ќе бидат достапни до 30 септември.

Покрај амбулантите, Националниот ургентен центар обезбеди 20 стационарни пунктови за итна медицинска помош во најпосетените туристички региони.
вт/ми/ .

Извор: МИА