Ника Тошиќ, ќерката на Јелена Карлеуша и поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, сподели фотографии од престојот во Дубаи и покажа како го поминува времето во овој луксузен град.
Ника, која е многу активна на социјалните мрежи, овојпат објави фотографии од луксузна јахта, а подоцна позираше и меѓу високите палми.
На првата фотографија Ника позира во долга светлосина фустанка со отворен грб. Косата ја собрала наназад, а изгледот го надополнила со голема машна што дополнително го истакнува целиот стајлинг.
Во позадината се гледа дел од јахтата, што дополнително го нагласува луксузното опкружување во кое уживала.
На следната фотографија Ника е облечена во зелена фустанка, а во косата има цвет кој го надополнува нејзиниот изглед.
Поврзани објави
Ника и нејзината сестра Атина неодамна беа во центарот на вниманието по раскошната роденденска прослава што ја организираа нивните родители.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ на 6 септември приредија голема прослава по повод родендените на своите ќерки, на која присуствуваа и бројни познати личности.
Карлеуша подоцна зборуваше за прославата, но и за подароците и парите што Атина и Ника ги добиле во пликови.
„Морам и тоа да го кажам, им се јавив на сите што претераа со парите во пликовите. Сакав да им ги вратам, но не сакаа ни да слушнат. Сега морам двојно да им се оддолжам. Ви благодарам на сите“, откри тогаш Карлеуша.