На прашањето дали е заљубен одговори со „не“, но полиграфот покажа црвено. Подоцна откри зошто воопшто прифатил вакво интервју.
Сергеј Варошлија се најде во необична ситуација за време на полиграфско интервју, откако на едно од најинтимните прашања уредот покажал дека не ја зборува вистината. На прашањето дали е заљубен, Варошлија одговорил со „не“, но полиграфот светнал црвено, што според толкувањето во интервјуто значело дека лаже.
Неговата реакција на резултатот била директна:
Мене ми е гајле тоа што тебе ти покажува“, рекол Варошлија, без да навлегува дополнително во својот одговор.
Прашањето очигледно предизвикало интерес, особено поради тоа што станувало збор за неговиот приватен живот.
Во продолжение тој објаснил и зошто воопшто решил да прифати ваков тип интервју. Варошлија посочил дека причината била неговата љубопитност и желбата одблизу да види како функционира полиграфот и што точно покажува за време на испрашувањето.
Според него, прифаќањето на интервјуто немало некаква посебна заднина. Едноставно му било интересно да го искуси процесот и да види како функционира „нешто“ за кое луѓето често имаат различни мислења. Сепак, токму прашањето за љубовта се покажа како еден од моментите што привлече најмногу внимание.
printskrin youtube