12
Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. На Водно се одржа показна вежба за спасување од жичницата „Милениумски крст“. Во показната вежба учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи (МВР).