Фолк дивата искрено за загубената приватност поради славата и активноста на нејзините деца.
Светлана Цеца Ражнатовиќ, една од најпознатите фолк пејачки на Балканот, откри дека поради својата кариера и јавниот живот на нејзините деца, Вељко и Анастасија, целосно ја изгубила приватноста, дури и во сопствениот дом.
Кога се занимаваш со јавна професија, уште на почетокот мораш да се простиш од приватноста. Најмногу се насмевнувам кога некој вели: ‘Јас не го давам никому свој приватен живот!’ Не е прашање дали даваш или не, туку дали некој се интересира за тебе. Ако некој се интересира, ќе се пишува и за твојата приватност“, изјави Цеца.
Таа додаде дека со појавата на социјалните мрежи и активноста на нејзините деца, нејзиниот дом станал јавно достапен.
Поврзани објави
Немам повеќе ни свои четири ѕида, бидејќи моите деца почнаа да фотографираат секој агол од нашата куќа и да го објавуваат. Сфатив дека е невозможно да се зачува приватноста ако си јавна личност“, рече пејачката.
Цеца истакна дека иако се борела со оваа реалност, на крајот прифатила дека приватноста е цена што се плаќа за славата и јавниот живот.
printskrin Youtube-blic