Увид во Избирачкиот список, кој ќе биде можен до 18 март, може да се направи преку веб-страницата на ДИК, а по електронски пат граѓаните може да поднесат и барање за измени во списокот. Заклучно со 11 март, 21 лице поднеле барање за промена на податоците по електронски пат, од кои тројца барале бришење на податоците, а седуммина запишување во Избирачкиот список.
Освен за увид во Избирачкиот список, 18 март е датумот до кога граѓаните во дијаспората може да се пријават дека ќе гласаат на претстојните избори. Според податоците на ДИК, до утринава се добиени 1 010 регистрации на лица од дијаспората, од кои 617 се прифатени, 278 се необработени, а одбиени се 115.