Поранешниот партнер на Бренда Сонг откри шокантни детали, па никому не му е јасно дали само сака да привлече внимание или ја кажува вистината
Бренда Сонг веќе осум години е во брак со актерот Меколи Калкин кој се прероди и се смири покрај неа. Двојката има две деца и во јавност изгледаат хармонично и среќно. Но Бренда сега се соочува со сериозни обвинувања од страна на нејзиниот поранешен партнер, Трејс Сајрус, братот на Мајли Сајрус.
Тој ја обвини Бренда дека додека била во врска со него лажирала канцер и неколку абортуси.
Наместо да го коментира ова, Бренда покажа колку се сакаат со Калкин.
Двојката која се сврши во јануари 2022 и имаат две деца, Дакота (4) и Карсон (2), прославија осум години заедно.
„Осум години, а сè уште не постои никој што може да ме насмее како тебе. Никој не прави да се чувствувам повидено, слушнато или сакано… Мојот партнер во злочин, мојот партнер во авантура, мојот најдобар пријател, татко на моите деца, моето омилено сè, ти благодарам. Тоа што ме сакаш е мојата најголема привилегија. Среќна годишнина. Те сакам“, напишала Бренда под низата фотографии.
Калкин возвратил со разиграна серија фотографии од плажа на кои Бренда Сонг ѝ приоѓа на камерата, кадар по кадар.
„Среќна годишнина, душо. Ти благодарам што секогаш ми излегуваш во пресрет. Никогаш не бегаш“, напишал под објавата, правејќи суптилна провокација на сметка на хаосот што останал зад нив.
Поврзани објави
Тој хаос потекнува од серија инстаграм-објави кои минатата недела ги објавил Трејс Сајрус, постариот брат на Мајли Сајрус и син на Били Реј Сајрус, кој повремено бил во врска со Бренда од 2010 до 2017 година.
„Лажираше абортус со лажна крв на подот од бањата“, тврдел Трејс, додавајќи дека неговата мајка на крајот се соочила со Бренда откако ги разоткрила нејзините лаги.
„Не сфати дека знаеме сè… се појави во мојата куќа со завој на главата тврдејќи дека штотуку излегла од операција. Кога јас ѝ го извадив завојот, сфатив дека не правела никаква операција.“
Иако Трејс не понудил цврсти докази што би ги поткрепиле овие екстремни обвинувања, инсистирал дека тие се вистинити и им кажал на своите следбеници дека нема да одговара на прашањата од медиумите.
„Зошто сега? Затоа што така сакав“, напишал пред да ги охрабри фановите брзо да го заследат, бидејќи наскоро неговиот профил на Инстаграм ќе стане приватен.
По кратката авантура со Деми Ловато, Трејс Сајрус започнал врска со Бренда Сонг, во 2010 година. Двојката брзо се појавила во јавност и се свршиле со октомври 2011 година.
Во 2012 година, тој и Бренда раскинале, а Трејс изјавил дека ѝ посакува сè најдобро на својата поранешна девојка.
ФОТО: Инстаграм