Почетна Убавина и здравјеФОТО) Лидија Вукиќевиќ расплакана – моментот кога за првпат ја прегрна внуката Дарја

ФОТО) Лидија Вукиќевиќ расплакана – моментот кога за првпат ја прегрна внуката Дарја

од nenad
1 минути читај за



Српската актерка го доживеа најемотивниот ден – стана баба и ја запозна својата прва внука

Лидија Вукиќевиќ пред само два дена стана баба, а денеска за првпат ја зема во прегратка малата Дарја. Емотивниот момент актерката го сподели со своите следбеници на Инстаграм, каде што јасно се гледа колку ја совладале чувствата.

Нејзиниот син Андреј Мркела неодамна стана татко, а тоа ја направи Лидија најсреќната жена на светот. По излегувањето од болница, таа веднаш ја прегрнала Дарја, а солзите од среќа не можела да ги задржи.

Познатата актерка никогаш не ја криела желбата да стане баба на девојче, бидејќи има два сина и во нејзиното семејство досега се раѓале само машки деца. Моментот кога откриле дека станува збор за девојче бил пресуден – Лидија заплакала од радост.


Поврзани објави

Printscreen/Instagram/vukiceviclidija

Толку многу посакував девојче… Сите беа убедени дека ќе биде машко, но кога ја отворивме кутијата со информацијата – беше девојче. Бев пресреќна, плачев од среќа“ – изјави Лидија Вукиќевиќ во една претходна изјава за српски медиуми.

printskrin Youtube-hype tv – lidija vukicevic