Table of Contents
17 години убавина, здравје, инспиративни приказни и создавање нови трендови – највлијателниот женски магазин го прослави својот роденден на 27. мај, 2025 година во комплетно новиот Ресторан Парк, на добро познатата локација во срцето на Градскиот парк. Како и секоја година, присуствуваа голем број познати личности, инфлуенсери, пријатели и соработници на магазинот.
Оваа година, покрај тоа што се славeше хуманоста, се славеше и иднината. А иднината се вика ИРИС. „Убавина и здравје“ ја претставија првата насловна страница генерирана со помош на вештачка интелигенција, која „оживеа“ на видео-ѕидот и ги поздрави гостите на почетокот од манифестацијата.
По Ирис, се обрати и главната и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“, Јована Стојменовиќ:
„Многу бевме вредни и затоа горди сме на овие наши 17 години, но и многу сме благодарни. Благодарни за секој купен број, за секој прочитан текст или вест на порталот, за секој клик, лајк и поддршка, за секоја соработка, за секој влог. На крајот, благодарни сме што сте тука вечерва!“
Организаторите ја искажаа својата благодарност и до главните поддржувачите на настанот: бјути-брендовите essence и Catrice, кои како и секогаш обезбедија подароци за присутните.
essence и Catrice
Претходно
1 од 6
Следно
Пријатели на настанот беа и Premium Safety Solution – нов, современ и достапен концепт за комплетна безбедност на еден објект; приватната високообразовна установа Универзитет Скопје, пријателите за свежина Fisherman’s Friend, градежната компанија ZSF, Avant2Go кар-шеринг системот со 100% електрични возила, кој конечно го имаме и во Скопје.
Пријатели на настанот
Претходно
1 од 6
Следно
Гостите имаа можност да ги испробаат парфемите Monotheme и Eliе Saab на „Мартимекс“, а се освежуваа со пијалаците на Jack Daniels, Gin Sax, Svarog вотка, вино „Парагон“ и Пивара Скопје.
Party партнери
Претходно
1 од 8
Следно
Настанот го поддржаа и Adora Business Group, „Шпаркасе“ банка, Raid и Autan, Savex, Semana, Neutrogena и OGX.
Поддржувачи на настанот
Претходно
1 од 6
Следно
„Убавина и здравје“ ја сочуваа традицијата на доделување У&З награди за добри дела, преку кои им оддаваат почит и внимание на хуманите луѓе и општествено одговорните компании, кои преку својот пример поттикнуваат позитивни промени. Покрај тоа, на влезот беше поставена кутија за донации за настраданите во трагедијата во Кочани, со цел заеднички да се даде скромен придонес за луѓето со чија тага сочувствува целото општество.
Еве кои хуманитарци и компании добија признанија за својата хуманост и општествена одговорност:
Награда за хуманост за основачите и волонтерите на иницијативата Support Kocani, организирана по повод трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Почесно признание за хуманост за Иле Гоцевски – возачот на Брза помош, херојот кој го даде животот за да помогне. Неговото срце, кое е синоним за човековата добрина и големина, не го издржа поривот да им помогне на што е можно повеќе сограѓани. Признанието го подигна сопругата на Иле, Анета Гоцевска, која им се обрати на присутните со трогателен говор.
Награда за општествена одговорност за Марија Кукуноска, генерална менаџерка на Premium Safety Solution, жената која прва во списанието „Убавина и здравје“ отвори разговор за безбедноста, пожарите, здравјето на работа – не како обврска, туку како култура на живеење.
Награда за хуманост за Огнен Стаматоски, човек кој во континуитет го подигнува стандардот на лицата со попречености и најревносно води кампањи за подигнување на јавната свест. Тој во 2001 година ја формираше Special Olympics Macedonia, а наградата му беше доделена за најновиот проект Soul & Art Inclusion, преку кој лицата со пречки во развојот имаат можност да ги покажат своите музички таленти, да учат, да музицираат, да уживаат во музиката и да не се чувствуваат отфрлени од општеството. На сцената, на Огнен му се придружија и Ена и Коста – едни од неговите најпосветени ученици.
Поврзани објави
Награда за општествена одговорност за dm дрогерие маркт за кампањата „Никогаш повеќе сама“, со која го збогатија знаењето и ја зајакнаа свеста за менструалното здравје во Македонија. Признанието го подигна Сандра Атанасковиќ, дел од маркетинг-тимот на dm Македонија.
Единствени во Светска туристичка организација – Универзитетот Скопје е еден од 100-те најдобри според критериумите на Обединетите Нации. Признанието го прими деканот на Факултетот за туризам на Универзитет Скопје, проф. д-р Сашко Граматниковски, а на сцената му се придружи и преостанатиот дел од тимот.
Награда за хуманост за Василка Рудовска за нејзината мисија да ја поткрева свеста за неодговорното сопствеништво на миленици, за свирепоста на луѓето кон животните, како и да открива, чува, спасува и безбедно да вдомува огромен број бездомни животни. Повеќе за нејзината иницијатива можете да дознаете на нејзиниот инстаграм-профил @vasilkarescues.
Награда за општествена одговорност за А1 Македонија за платформата „Подобар онлајн свет“, со што ја презема улогата не само како технолошки лидер, туку и како партнер на заедницата, градител на дигиталната култура и чувар на вредностите кои го прават Интернетот место за личен раст, едукација и поврзување.
Награда за хуманост за отец Оливер Петровски, кој раководи со хуманитарната организација „Свети Спас“, за неговата посветеност на хуманитарните акции и активности во изминатите 10 години.
Награда за општествена одговорност за Шпаркасе Банка АД Скопје за платформата Sparkasse Life, која има трајно влијание врз сите сегменти на живеењето: спортот, културата, едукацијата, животната средина и економијата.
По наградите, Ирис повторно се обрати и го најави доделувањето на подароците за присутните. Имено, гостите извлекуваа инспиративни пораки на влезот, од кои една порака беше добитна. Сите оние кои ја извлекоа добитната порака, која симболично гласеше „Одмори го телефонот, активирај го умот“, добија вредни подароци: 20 ваучери од „Силуете“ за персонализирани третмани за лице и тело, два парфема од „Мартимекс“, Eli Saab и Monotheme, и два авионски билети за Бодрум од Kartaca Turizm. Покрај тоа, беа доделени 100 ваучери во вредност од 1000 денари од Avant2Go, како и многу фантастични подароци од генералните покровители essence и Catrice.
Подароци за гостите
Претходно
1 од 8
Следно
За добрата атмосфера на настанот се погрижи познатата пејачка Елена Ристеска која заедно со својот бенд ги отпеа многуте хитови што ја обележаа нејзината кариера, како и македонски и светски евергрини.
Гостите пееја на цел глас заедно со Елена, а забавата кулминира кога на сцената се качија и нејзините колешки Викторија Лоба, Антонија Гиговска, Лара Иванова, Ивона Јо и Тамара Волческа и заедно ја отпеаја незаборавната „Признавам“ – сцена што се претвори во симбол на заедништвото на македонската музичка сцена.
По спектакуларниот настап на Елена Ристеска, следеше вистинско изненадување. Диџеј Ирис, девојката од насловната страница на „Убавина и здравје“, настапи со свој енергичен диџеј-сет, а гостите се забавуваа сè до полноќ.
Погледнете кој сè присуствуваше на 17-тиот роденден на магазинот „Убавина и здравје“ во нашата галерија во продолжение…
RED CARPET
Претходно
1 од 56
Следно
Гостите се погрижија за незаборавната атмосфера на забавата. Погледнете како изгледаше тоа во галеријата во продолжение…
Атмосферата на роденденот на „Убавина и здравје“
Претходно
1 од 55
Следно
Повеќе слики од забавата погледнете на нашите социјалните мрежи на Фејсбук и на Инстаграм.
Пишува: Марија Лукаревска
ФОТО: НИКОЛА ДАНЕВСКИ, АНА МАРИЈА ЈАНКОВИЌ