Почетна Технологија(ФОТО) Изложба на фотографии и промоција на фото книга “Треперење„ на Боро Рудиќ во МКЦ

(ФОТО) Изложба на фотографии и промоција на фото книга “Треперење„ на Боро Рудиќ во МКЦ

од nenad
1 минути читај за


Во вторник, (03.12.2024) во 19 часот, во МКЦ ( галерија на Младински Културен Центар) ќе се отвори изложба на фотографот Боро Рудиќ, под името “Треперење“.На истиот настан ќе биде промовирана и неговата најнова фото книга “Треперење“. Преку оваа изложба и фотографска књига, авторот истражува можност за редефинирање на перцепцијата на естетиката во однос на традиционалните норми. Природата е најчестиот мотив во фотографијата, често окована со одредени правила и табуа кои ја обликуваат нашата визуелна перцепција.

Што се случува со нашата перцепција како набљудувачи (или фотографи) кога излегуваме надвор од зоната на удобност и ја гледаме природата на сосема поинаков начин? Оваа изложба има за цел да ги предизвика воспоставените визуелни концепти, поттикнувајќи ги гледачите да ја преиспитаат и да го реинтерпретираат она што го сметаат за естетско во природниот свет.Изложбата тежи кон ослободување од стандардните канони на убавина, овозможувајќи нов поглед на природата преку иновативни и неконвенционални техники на фотографирање. Преку овој проект, авторот се надева дека ќе се отвори дијалог за флексибилноста на естетските норми и ќе се поттикне креативно размислување надвор од традиционалните рамки.

За оваа изложба и фотокнига, Ферид Мухиќ вели: ….“Како оригинално истражување на границите на човечката перцепција и можностите на современата технологија во сферата на визуелните уметности, во кое е максимално нагласен и личниот стил на уметникот и неговите преференци во изборот на естетските конпоненти, изложба  на Боро Рудиќ претствува крупен иновативен чекор во истражувачките техники во подрачјето на фотографија и возбудливо визуелно-естетско доживување“…  Изложбата ќе трае до 15.12.2024.