Почетна Убавина и здравјеВо 2 часот по полноќ… (ФОТО) – Убавина и здравје

Во 2 часот по полноќ… (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Синот на Марија Шерифовиќ, Марио денеска, 2 декември, го слави својот прв роденден, а пејачката на својот Инстаграм профил ги откри деталите од ноќта кога стана мајка.

Марија сподели фотографијата од синот на која момчето позира на плажа, а честитката воодушеви многумина.

 Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и се упативме кон болницата. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме „What a Wonderful World““ – почна Марија, па продолжи:

Ми се чини дека мојот сакан Лос Анџелес беше најубав таа вечер. Како ѕвездите никогаш да не светеле посилно. Тргнавме да ти посакаме добредојде на светот, малечко мое, најубаво. Ме прашуваат, синко, дали мојот живот се промени? А не знам ни како да им објаснам колку се смени… Не знам како да им објаснам како е можно некого толку да сакаш. Велат дека децата ги избираат своите родители… И не ми останува ништо друго, освен да се прашувам до последен ден што направив за да те заслужам тебе, таква совршена личност. Среќен роденден, синко, те сакам“.


Поврзани објави

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ доби син благодарение на сурогат мајчинството, а целиот процес го чуваше во најстрога тајност се додека момчето не се роди во Соединетите Американски Држави.

Фото: printskrin Youtube/Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: