Почетна Убавина и здравје(Фото) Гога Секулиќ го прослави 48-от роденден, уживајќи во чист луксуз! Погледнете кој ѝ прави друштво…

(Фото) Гога Секулиќ го прослави 48-от роденден, уживајќи во чист луксуз! Погледнете кој ѝ прави друштво…

од nenad
1 минути читај за

Српската пејачка Гога Секулиќ вчера го прослави својот 48 роденден. По тој повод решила себеси и својот син да се почестат со луксузно патување.

Бидејќи е зима и температурите до неодамна беа под нулата, таа се одлучила за поегзотична и потопла дестинација и со синот се упатила кон Дубаи.

Пејачката престојува во еден од најлуксузните хотели во Дубаи.

Гога на Инстаграм објавила какво изненадување ја дочекало во собата. Насекаде имало балони на кои пишувало „Среќен роденден“ додека францускиот кревет бил покриен со ливчиња од роза.

 


Поврзани објави

Таа потоа споделила и фотографија со својот син, на која се гледа како уживаат во вода.

Најдобрите родендени се со мојот син – напишала таа.

Да потсетиме, Гога Секулиќ имаше сообраќајна несреќа во септември минатата година кога на пешачки премин ја удри автомобил. Пејачката продолжила да се жали на болки во вратот долго време потоа.

Седам толку вкочането затоа што уште ме боли вратот. Не знам што е тоа, прегледи има, а само се надевам дека лекарите ќе видат што не е во ред и дека брзо ќе се реши – изјави неодамна таа за „Пинк“.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DGlwoHjT-DT/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading