Доколку почнувате да приметувате влакна по секое поминување со прсти или чешел низ косата не паничете, проретчената коса обично се случува постепено, па затоа имате време да ги одредите причините и да ги откриете најдобрите мерки за лекување.
Животни навики, генетика или одредени медицински состојби може да доведат до опаѓање на косата.
Животните навики може да вклучуваат:
- Претерано третирање на косата со боја и топлина.
- Користење на груби производи за коса како спрејови и гел.
- Носење стегнати фризури, високи опавчиња и плетенки.
- Недостаток од одредени хранливи материи во вашата исхрана: железото, фолна киселина и други минерали.
- Доживување на хроничен стрес.
Останати причини за изретчување на косата:
Поврзани објави
- Бременост и породување.
- Користење апчиња за контрацепција.
- Хормонални промени.
- Намалување телесна тежина за кратко време.
- Кожни нарушувања или инфекции.
Како да ја третирате косата:
- Масирајте го темелно скалпот при секое миење.
- Нанесувајте барем еднаш неделно масла што поттикнуваат раст на влакна.
- Зголемете го внесот на витамини во исхраната.
- Обидете се да го контролирате стресот.
- Бидете нежни со вашата коса, особено при чешлање.
Доколку приметите поголемо количество на паднати влакна или повлекување на линијата на косата, разговарајте со вашиот доктор и уверете се дали можеби се работи за посериозна состојба.
Фото: Freepik.com