Почетна ЕкономијаФондот за ПИОМ почнува со СМС-известувања за решенија за пензија

Фондот за ПИОМ почнува со СМС-известувања за решенија за пензија

од nenad
2 минути читај за

Пензискиот и инвалидски фонд на Северна Македонија од денес воведува нова услуга за информирање на граѓаните преку СМС-пораки во врска со подигнувањето на нивните решенија за пензија.

Секој граѓанин кој има поднесено апликација за стекнување право на пензија ќе прими порака со информации за тоа каде и кога може да го подигне подготвеното решение.

Според информациите од Фондот, оваа новина е дел од заложбите за подобрување на квалитетот и брзината на услугите, како и за намалување на метежот и непотребните посети на шалтерите.

СМС-пораката која ќе ја добијат граѓаните ќе гласи: „Вашето решение со бр. хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето.“

Покрај оваа новост, Фондот известува дека е воспоставен и нов Кол Центар преку кој луѓето можат да добијат податоци за статусот на нивниот предмет или поднесеното барање, како и за условите за добивање на старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија, најнизок износ на пензија, остварување на права со примена на меѓународни договори, скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници како земјоделци, продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници како верски лица, остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија, услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом.

Исто така, преку националниот портал uslugi.gov.mk, достапни се 13 електронски услуги и тоа: барање за остварување на право на старосна пензија, барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство, барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство, барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица, барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – индивидуален земјоделец, барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување, барање за донесување на наод, оцена и мислење за права од Законот за работни односи, донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица, потврда за исплатени пензии во периоди, потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија, преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања, потврда за сметка во банка, потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија.

Во процес на тестирање се и нови услуги, како што се барање за остварување на право на семејна пензија, барање за остварување на право на инвалидска пензија, барање за остварување на право на паричен надомест за телесно оштетување, издавање на дупликат решение.

ар/лв/Фото:МИА архива .

Извор: МИА