Според палестински медицински извори, израелските воздушни удари однесоа животи на десетици луѓе во централниот дел на Газа рано утринава.
Медицинскиот персонал од болницата Ал-Авда во Нусејрат рече дека “по нападите биле донесени 30 тела”. Тие додадоа дека состојбата на починатите ја усложнила идентификацијата.
Најмалку осум од жртвите, наводно, биле членови на едно семејство. Очевидци известија за повеќекратни израелски напади врз резиденцијални објекти северно од Нусејрат.
Овие информации засега не можат независно да се потврдат, а израелската армија до овој момент не ги искоментираше извештаите.
Овој напад се случи само неколку дена по изјавата на израелската војска, која се соочува со се поголеми меѓународни критики поради сериозната хуманитарна ситуација во Газа, дека ќе воведе дневни 10-часовни хуманитарни прекини во одредени делови од Појасот каде нејзините сили не се активни. “Тие ги вклучуваат Ал-Маваси на југозапад, Деир ал-Балах во центарот и Газа Сити на север.”
мс/фото: ЕПА архива. Извор: МИА