Почетна ЕкономијаФидан во САД на стратешки разговори со Рубио

Фидан во САД на стратешки разговори со Рубио

од nenad
1 минути читај за

Според пишувањата на весникот „Хуриет дејли њуз“, турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, се подготвува за важни стратешки преговори со својот американски соговорник, Марко Рубио. Оваа посета на Вашингтон е прва за Фидан откако Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател на САД.

Според информации од турски дипломатски кругови, Фидан ќе биде во Вашингтон на 25 и 26 март, каде што ќе се сретне со државниот секретар Марко Рубио и други високи претставници од американската администрација.

„Се очекува разговорите да бидат фокусирани на стратешките чекори кои можат да бидат преземени во билатералните односи меѓу Турција и САД, како и подготовката на претстојните посети на ниво на шеф на државата“, рекоа цитираните извори.

Оваа посета доаѓа само неколку дена по првиот телефонски разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп, како што напоменува изданието. „Хуриет дејли њуз“ исто така пренесува дека по посетата на Фидан, се очекува Ердоган да го посети Трамп во Белата куќа.

Се очекува дека меѓу главните теми на разговор помеѓу двајцата министри ќе бидат и напорите за завршување на конфликтот меѓу Русија и Украина, состојбите во Сирија, како и билатералните односи со акцент на зајакнување на соработката во одбранбената индустрија, посочија изворите.

рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА