Почетна Убавина и здравјеПроститутка открила шокантни детали од нејзиниот бордел – Убавина и здравје

Проститутка открила шокантни детали од нејзиниот бордел – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Оваа исповед на проститутка открива многу шокантни детали за работата во бордел

Таа открива дека некои од клиентите се младичи кои се интровертни по природа или никогаш не биле во врска, а мајките ги испраќаат во борделот за да им го овозможат тоа искуство. Исто така, на овој начин се осигуруваат дека нивното дете нема да разочара кога ќе дојде моментот да има секс со друга жена. Проститутката Литл ги поддржува овие напори на мајките, но нагласува дека многу е важно двата партнера да бидат согласни и младичите да знаат што можат да очекуваат од интимниот однос со непозната жена.

Таа истакнува дека покрај тоа што им овозможува пријатно сексуално искуство на мажите, им помага да развијат самодоверба и им покажува техники како да задоволат жена.

„Мислам дека навистина е корисно првото искуство да го имаат со некој што е поискусен, бидејќи така нема да дојде до осудување. Многу добро знам како да ги поттикнам да се опуштат. Забележав дека има многу мажи од 30, 40, па дури и 50 години кои сè уште се невини.

Некои од нив ги преиспитале своите приоритети и одлучиле да го доживеат своето прво сексуално искуство со професионалец“, рекла Литл.


Поврзани објави

Таа тврди дека некои мажи ги користат услугите на сексуалните работнички поради своите садо-мазо фантазии што не сакаат да ги споделат со партнерките од страв дека ќе бидат осудени.

Таа апелира колку е важно да се разговара отворено и искрено за сексуалните склоности во врската, за да се одбегнат недоразбирања и да може да се исполнат скриените желби на здрав начин.

„Затоа мажите се повлекуваат во сексуални прибежишта, како што се борделите. Таму имаат можност да си ги исполнат тие желби со помош на сексуални работнички и да ги скријат таквите склоности од своите партнерки.

Клучно е партнерите отворено и искрено да разговараат за сексуалните склоности и да не осудуваат пребрзо интересите што ги сметаат за невообичаени.

Вистина е дека повеќето луѓе имаат некои садо-мазо желби и апсолутно нормално е тоа што сакаат да ги задоволат тие пориви“, заклучила оваа жена, а пренесува „Њујорк Пост“.