Познатата моделка Адријана Лима немала многу љубови во својот живот, а една од најголемите ѝ бил славниот српски спортист
Адријана Лима изминативе две години се соочуваше со лавина на негативни коментари на сметка на нејзиниот изглед. Имено, Лима значително се здебели по породувањето, а она што многумина го забележаа е дека беше отечена како последица на ботокс.
Се чини дека луѓето не можеа да ѝ го простат вишокот килограми, што и самата го признала. Меѓутоа, тоа не ја спречува да ужива во љубовта и во нештата што ја прават среќна.
Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, најмногу се зборуваше за нејзината љубов со познатиот српски кошаркар Марко Јариќ. Три години откако излегле првпат на рандеву, решиле да се венчаат во 2009 година.
Круната на нивната голема љубов се ќерките Валентина и Сиена. Но во 2014 година, двојката реши да му стави точка на бракот, додека разводот им беше официјализиран во 2016 година. По разводот, долго се шпекулираше за нивното смирување, со оглед на тоа што неколку пати беа уловени заедно во јавност. Но излезе дека останале во добри односи заради децата.
Поврзани објави
Интересно е тоа што Адријана ја чувала својата невиност до брак, па Марко Јариќ бил првиот маж со кого спиела.
„Сексот е за во брак. Ако нема почит, тоа значи дека не ме сака вистински“, рекла манекенката во 2006 во едно интервју.
Адријана немала многу љубовни партнери во својот живот, а по познатиот Србин, беше во врска со турскиот писател Метин Хара. Двојката беше во врска една година, а раскинувањето се случи во 2019. Уште додека беа во врска, се шушкаше дека Метин не сака жени, односно дека е хомосексуалец, па се претпоставуваше дека нивната врска била дел од маркетиншки трик.
По врската со Хара, Адријана го завела турскиот мултимилионер Емир Ујар. Двојката не ја криеше својата врска, а неколку пати се ја појавија заедно во јавност. Но нивната врска кратко траеше, а Адријана пронајде љубов во прегратките на филмскиот продуцент Андре Лемерс, кому му роди син.