Иако многумина мислат дека секојдневно посетува скапи ресторани, пејачката покажа дека тајната е во едноставни и здрави оброци.
Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца, уште еднаш покажа дека води голема грижа за својот изглед и здравје. На Инстаграм сподели фотографија од својот ручек, кој се состоеше од месо, брокула и свежа салата.
Пејачката објави дека после тренингот секогаш внимава што внесува, а покрај чинијата со храна на нејзината маса стоеше и шише вода.
Објави, тренирај, јади,“ напиша Анастасија, нагласувајќи дека дисциплината е најважна.
Поврзани објави
Во минатото таа призна дека минувала низ тежок период кога ѝ варирале килограмите, но со одлука и промена на навиките успеала да ја врати формата. Избегнува брза храна и слатки, а редовните тренинзи се дел од нејзиното секојдневие.
Клучот на добриот изглед е редовното вежбање,“ откри младата пејачка, додавајќи дека најчесто се храни со варени и здрави јадења.
printskrin youtube – k1 – anastasija raznatovic