Мудри зборови
Еден од највлијателните психолози на сите времиња со своите изреки ни помага да се запознаеме и разбереме себеси и луѓето околу нас
Карл Густав Јунг бил швајцарски психијатар и психоаналитичар кој ја основал аналитичката психологија. Работата на Јунг била влијателна во областа на психијатријата, антропологијата, археологијата, книжевноста, филозофијата, психологијата и религиските студии.
Јунг се покажал како влијателен ум во своето време, развивајќи пријателство со Зигмунд Фројд, основачот на психоанализата, и водејќи долга преписка која сè уште е клучна за нивната заедничка визија за човечката психологија. Многу е ценет како еден од највлијателните психолози на сите времиња. Неговите цитати ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси.
Поврзани објави
- „На задржувај го она што си оди од тебе. Инаку, нема да дојде она што иде кон тебе.“
- „Ако човек не разбира некого, ќе се стреми да ја смета таа личност за будала.“
- „Најтешкиот товар што лежи на детските раменици е неизживеаноста на нивните родители.“
- „Твојата визија ќе стане јасна дури откако ќе погледнеш во своето срце. Оној што гледа нанадвор – гледа само соништа. Оној што гледа внатре во себе – се буди.“
- „Осаменоста не се отсликува само со отсутноста на луѓето околу вас, туку и со неможност за разговор со луѓето за она што е значајно за вас, или со неприфаќање на вашите уверувања.“
- „Ние тежнееме кон минатото на своите родители и напред кон своите деца, во иднината што никогаш нема да ја видиме, но за која сакаме да се погрижиме.“
- „Депресијата е како дама во црно. Ако дошла кај вас, не бркајте ја. Поканете ја на маса, како гостинка и слушнете што сака да ви каже.“
- „Сè што иритира кај другите, може да води кон разбирање на себеси.“
- „Ако сте талентиран човек, тоа не значи дека сте добиле нешто. Тоа значи дека можете да дадете нешто.“
- „Она на коешто му се спротивставуваш – опстанува.“
- „Осудата не ослободува, туку гуши.“
- „Вашиот поглед ќе стане јасен само тогаш кога ќе можете да погледнете во својата сопствена душа.“
- „Јас – не сум она што ми се случило, јас сум она што сум одлучил да бидам.“
- „Ние можеме да мислиме дека целосно се контролираме себеси. Меѓутоа, пријател многу лесно може да го каже за нас она што ние не го гледаме.“
- „Здрав човек не ги мачи другите. Оние што се мачени, по принцип, се претвораат во мачители.“
- „Тажна е вистината дека човечкиот живот, всушност, се состои од склоп на непомирливи спротивности – ден и ноќ, раѓање и смрт, среќа и несреќа, добро и зло. Ние, дури и не сме сигурни дека едното ќе го надвладее другото, дека доброто ќе го надвладее злото, а радоста ќе го победи страдањето.“
- „Нашата личност е дел од светот што нè опкружува и неговата тајна е безгранична мудрост.“
„Не е неуспех да живее со мајка ѝ и со мачките на 40 години или да нема маж на 45 години“: Познатиот психолог ги побил сите уверувања