Почетна ЕкономијаТрамп се заканува со „строги царини“ за Русија ако не се договори прекин на војната во Украина

Трамп се заканува со „строги царини“ за Русија ако не се договори прекин на војната во Украина

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ упати закана кон Русија за воведување нови, високи давачки доколку не се согласи на спогодба за завршување на конфликтот во Украина во наредните 50 дена.

Обраќајќи се од Белата куќа, во присуство на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп изрази дека е “многу незадоволен” од постапките на Москва.

“Доколку нема договор, ќе воведеме сериозни секундарни царини – околу 100 проценти,” изјави Трамп.

Трамп напомена дека САД ќе создаваат и испраќаат “врвно оружје” до сојузниците во НАТО, а потоа алијансата ќе одлучи каде тоа оружје е најитно потребно.

“Ќе произведуваме врвно оружје и ќе го испраќаме до НАТО,” рече Трамп, дополнувајќи дека дистрибуцијата, вклучувајќи ги и испораките до Украина, ќе биде координирана од самата алијанса.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја оцени одлуката на Трамп како историска.

“Ова е навистина голема работа,” рече Руте, додавајќи дека тоа ќе ѝ овозможи на Украина да ја одржи својата одбрана од Русија. Тој потенцираше дека европските држави ќе ги покријат трошоците за оружјето, на што Трамп додаде: “Тоа има совршена смисла.”

Руте заклучи дека овој модел на зголемување на европската одговорност доаѓа како продолжение на успехот на неодамнешниот самит на НАТО, изјавувајќи дека “Европејците сега ја преземаат водечката улога.”

мс/фото: ЕПА.