Почетна ЕкономијаКалас: оваа година европските држави се обврзаа на 23 милијарди евра помош за Украина

Калас: оваа година европските држави се обврзаа на 23 милијарди евра помош за Украина

од nenad
2 минути читај за

Утринава, пред почетокот на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата во Брисел, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека процесот на експанзија на Европската Унија е очигледен и поради тоа се потребни успешни примери во неговата реализација во Западен Балкан.

„Гледаме како тензиите растат (во регионот) и дефинитивно треба да го придвижи процесот на проширување“, истакна Калас.

Таа додaде дека синоќа, заедно со европските министри за надворешни работи, присуствувала на вечера со колегите од Западен Балкан, на која, според нејзините зборови, разговарале и дискутирале со пријателите од регионот.

Калас исто така потенцираше дека деновиве сме сведоци на најсмртоносните напади во руската инвазија на Украина, во кои се убиени многу цивили. „Помина веќе е еден месец од кога Украина се согласи на безусловен прекин на огнот, но тоа не го гледаме од руска страна. Она што е јасно, е дека треба повеќе да ја поддржуваме Украина“, рече Калас.

Таа изрази задоволство што веќе се реализирани две третини од нејзината иницијатива за обезбедување муниција за Украина, но дека ЕУ мора да направи повеќе, потсетувајќи дека оваа година европските држави се обврзаа на 23 милијарди евра помош за земјата, што е повеќе од лани, но дека треба и да се изврши притисок врз Русија да ја запре војната. „Секоја земја членка го дава она што може да го даде, но мислам дека пораката е многу јасна оти треба да направиме повеќе за Украина, за да може да се одбрани и цивилите да не мора да умираат“, додаде Калас.

Високата претставничка информираше дека на Советот ќе се дискутира и за соработката на ЕУ со африканските земји и за зајакнување на европскиот ангажман на овој континент, како и за состојбата на Блискиот Исток, поврзано со можното олеснување на санкциите кон Сирија и за напорите за запирање на „ужасната загуба на животи“ во Газа.

сп/ Фото: ЕПА