Почетна ЕкономијаТрамп најавува „нешто посебно“ за Блиски Исток

Трамп најавува „нешто посебно“ за Блиски Исток

од nenad
1 минути читај за

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес обелодени дека во скоро време ќе презентира „нешто посебно“ во врска со мировните преговори за Блискиот Исток.

„Имаме реална шанса да постигнеме нешто големо на Блиски Исток. Сите се подготвени за нешто посебно, за нешто што се случува првпат, Ќе направиме тоа да се случи,” објави Трамп на неговата платформа „Трут соушал“ (Truth Social).

Оваа објава на Трамп доаѓа пред утрешната посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата куќа.

Трамп вчера соопшти дека активно се разговара со претставници од блискоисточните држави за изнаоѓање на разрешница за спорот во Појасот Газа.

Израелскиот портал „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel) претходниот ден го објави документот што Трамп го презентирал пред лидерите од регионот. Планот на Трамп за Појасот Газа се состои од 21 точка.

ми/фото: ЕПА.

Извор: МИА