Денес, судот во кинеската покраина Џилин го осуди поранешниот кинески министер за агрикултура, Танг Тенџијан, на смртна казна поради злоупотреба на службената положба.
Смртната пресуда ќе биде реализирана по одложување од две години, бидејќи Танг ја признал својата вина.
Во периодот од 2007 до 2024 година, Танг извршувал повеќе различни должности, а според тврдењето на судот, во текот на тој временски период нелегално присвоил 268 милиони јуани (37,6 милиони американски долари).
Пред да биде назначен за министер за земјоделство, од 2017 до 2020 година, тој ја вршеше функцијата гувернер на западната покраина Гансу.
Кинескиот претседател, Си Џинпинг, во 2020 година иницираше акција против корупцијата. ми/фото: МИА архива.
Извор: МИА