Почетна ЕкономијаРекорден број странски туристи ја посетиле Албанија – девет милиони за осум месеци

Рекорден број странски туристи ја посетиле Албанија – девет милиони за осум месеци

од nenad
1 минути читај за

Албанија забележува постојан пораст на странски туристи, со приближно девет милиони посети во периодот од јануари до август.

Според податоците објавени од албанскиот Завод за статистика, влезот на странски државјани е зголемен за 5,2 проценти во споредба со истиот период лани, кога беа евидентирани вкупно 8,5 милиони странски посетители.

Само во август, бројот на странски државјани кои ја посетиле албанската територија достигна 2,3 милиони, што претставува пораст од 9,9 проценти во однос на истиот месец претходната година.

Албанската економија оствари бенефит од 2,1 милијарди евра од странските туристи за само шест месеци, период во кој земјата ја посетија 4,76 милиони странци.

Овие податоци укажуваат на уште пооптимистичка 2025 година за туризмот во земјата, со очекување за зголемување на приходите за околу 7,7 проценти во споредба со минатата година.

Се предвидува континуиран прилив на туристи и во текот на есента, што ќе ја продолжи туристичката сезона во земјата. Туристичките агенции известуваат дека резервациите се на високо ниво и за септември и за октомври.

Минатата година Албанија ја посетија над 11,7 милиони туристи, што е зголемување од 15,2 проценти во споредба со претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.

“Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.”

вт/ми/фото: албанско Министерство за туризам