По смртта на својата сопруга, Лиам Нисон одлучил дека ќе им биде самохран родител на своите синови и дека никогаш нема да ја заборави својата голема љубов Наташа Ричардсон
„Еј, паднав на снег“, овие наивни зборови воопшто не укажувале на несреќата што следувала. Лиам Нисон имал 59 години кога неговата сопруга Наташа починала, а еве каква животна одлука донел потоа…
Несреќа што му го сменила животот
Лиам и Наташа уште на почетокот биле судени еден за друг. Нивните патишта се вкрстиле на едно снимање и се родила љубов, и тоа на прв поглед. Но нивната љубовна приказна немала среќен крај.
Нивните животи прекуноќ се промениле по одморот на којшто Наташа доживеала тешка несреќа и се здобила со тешка повреда на мозокот.
Наташа му се јавила на сопругот и му кажала: „Драги, паднав на снег“, додека се возела во брза помош.
Иако ситуацијата била сериозно, на почетокот Наташа не сакала никаква медицинска помош, мислејќи дека повредата не била страшна.
Меѓутоа, падот имал многу потешки последици одошто мислела. Три часа подоцна, итно ја однеле во болница, но исходот бил фатална повреда на мозокот. За жал, не можеле многу да ѝ помогнат.
Кога Лиам ја добил веста за состојбата на Наташа во болница, побрзал за да биде покрај неа, но за жал, нејзиниот мозок веќе бил мртов.
Поврзани објави
И покрај малите шанси дека ќе преживее, Нисон имал голема желба да ја одведе Наташа дома за да можат децата и семејството да се збогуваат со актерката.
Последната желба на Наташа подразбирала пакт што одамна го имале склучено двајцата. Тие се договориле дека ако некој од нив некогаш заврши во вегетативна состојба, другиот ќе ги исклучи апаратите, за да го спречи бесконечното страдање.
Присетувајќи се на нивните последни заеднички моменти, Нисон рекол:
„Ми кажаа дека мозокот ѝ е мртов. Но таа беше на апарати за одржување во живот. Не ми преостана ништо друго освен да се поздравам. Ѝ се доближив и ѝ кажав дека ја сакам. Ѝ реков: ‘Душо, нема враќање. Многу силно си ја удри главата. Не знам дали ме слушаш, но тоа е тоа, сè исчезна’“
Иако тоа било најтешкото нешто што морал да го направи, Лиам одлучил да ја почитува нејзината одлука и да ги исклучи апаратите. Ги донирал нејзиното срце, бубрезите и црниот дроб. Верувал дека на овој начин некому ќе му даде втора шанса за живот.
И денес тагува по својата жена. Никогаш не се оженил по неа, ниту пак бил виден во друштво на некоја дама.
„Редовно тагувам по неа, постојано го посетувам нејзиниот гроб“.
Лиам Нисон тогаш одлучил дека ќе биде самохран татко и дека максимално ќе им се посвети на децата и кариерата, а токму тоа и го направил.